Излезе Fedora 16 Alpha

Кога станува збор за cutting edge технологија, односно примена на истата во оперативниот софтвер, мислам дека голем дел од вас ќе се сложат дека Fedora проектот завзема значајно место со нивната примена. Имено, пред неколку дена, поточно на 23 Август, излезе Alpha верзијата на Fedora 16, која е насловена едноставно, Верн (Verne) во чест на големиот писател Жил Верн. Бета верзијата е закажана за 27 Септември, додека пак финалната верзија треба да се појави на 1 Ноември, но секако датумите може да претрпат промени, а доколку ве интересира, распоредот за излегување на Fedora 16, може да го погледнете на следната локација.

Верзијата е во рана фаза на тестирање, но сосема задоволително функционира судејќи според неколкудневното користење. Една од поважните новини кои што вреди да се споменат е дека Fedora 16 доаѓа со најновата верзија во Linux kernel дрвото, односно 3.0.0-1, со надградба на 3.1rc4 во нивниот testing репозиториум. Дури и озогласениот менаџер на пакети од Fedora – yum се чини дека функционира побрзо од обично. Дистрибуцијата ја тестирав на Lenovo ThinkPad Edge 13, верзијата со AMD процесор, и може да кажам дека сѐ функционираше out-of-the-box. Дури и проблематичниот драјвер за безжичната картичка rtl8192ce (bgn, mini pci, realtek) функционира подобро, без рандом влегувања во kernel panic мод (барем до сега) при вообичаени операции со истата. За оние сопственици на ваква картичка заинтересирани за penetration testing, може да ве израдувам и дека конечно работи packet injection функционалноста, но за тоа другпат.

Alpha изданието може да го спуштите од овде, каде што се наоѓаат и неколкуте спинови на дистрибуцијата, односно Gnome 3.2 – default десктоп околина, KDE, LXDE и XFCE, а дневни, односно ноќни билдови, може да најдете овде. Јас, како љубител на KDE десктоп околината, го инсталирав KDE спинот, иако немам ништо против другите. Сепак не сакам да навлегувам во прашањето Gnome vs. KDE и слично, бидејќи и двете околини се на многу напредно ниво и прашање на вкус и навика е која платформа ќе избереш и користиш. Дистрибуцијата доаѓа со моментално најновата компилација, односно KDE SC 4.7.0 нудејќи бројни надградби и нови можности и програми, како на пример новиот десктоп-интегриран IM клиент KDE-Telepathy, кој што не доаѓа со примарниот пакет, бидејќи се уште е во рана фаза на развој, но може да го симнете и инсталирате од download.kde.org. Исто така, подобрена е и манипулацијата со активностите (activities, понапредна форма на виртуелни десктопи), се чини дека побрзо е и преминувањето од една во друга активност (Meta+Tab, наместо Meta+a во Fedora 15 KDE) и понудени
се неколку стандардни предефинирани активности, како што се класичниот folder view и слично.

Во новата верзија, освен нов kernel и десктоп околини дистрибуцијата нуди и други бројни подобрувања и надградби. Дел од новите можности и карактеристики на Fedora 16 може да видите на http://fedoraproject.org/wiki/Releases/16/FeatureList од кои што би ги споменал миграцијата на GRUB2 како ново bootloader решение, GCC Python plugin, Blender 2.5 – напреден софтвер на 3D моделирање, Matahari – колекција од API-а за далечинско управување и мониторинг, чекор напред во миграцијата од systemV кон systemd која што започна со излегување на Fedora 15, унификација и поедноставување на UI-то на програмите за пријавување на проблеми, и многу други.

Доколку сте за напредна cutting edge технологија, стабилна GNU/Linux дистрибуција со голема заедница и сакате да пробате нештно ново, слободно испробајте ја Fedora 16 Alpha верзијата. Јас барем знам дека едвај чекам да излезе конечната верзија, за целосно да може да ја надградам сегашната Fedora 15 Lovelock.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s