Nordeus Hackathon 2011 – Белград

Nordeus како еден од најуспешните стартапи во Европа, награден со “Best Gaming Start-up на Europas Awards 2011” и креатор на игра која што достигна 1,000,000 посетители дневно на Facebook, огранизира Hackathon, или 24-часовен натпревар во програмирање на игри во неколку платформи (меѓу побитните Python, Ruby, Java/Android). Подетални информации може да најдете на следниот линк. Настанот е закажан за 23ти Декември, а пријавувањето трае, односно е продолжено до 9ти Декември.


За секој учесник ќе биде обезбеден превоз, како и храна и смештај во просториите на Nordeus во Белград (потврдено од нивниот PR менаџер). Може да се пријавите како индивидуалец или во тим. Има вредни награди и сигурно дека ќе биде интересно искуство. Може да користите нивни хардверски/софтверски ресурси или може да си носите свои лаптопи. Може да побарате и помош од нивните инженери и имате целосна слобода на пристап кон решавање на зададените проблеми. Ќе имате пристап и до нивните соби за забава, така да, сигурно нема да ви биде досадно. Погледнете го видеото да видите за што станува збор:


Секој заинтересиран може да се пријави, како што споменав, најкасно до 9ти Декември на следниот линк: http://www.nordeus.com/hackathon2011 Ако имате дополнителни прашања пишете, ќе се потрудам да добијам одговори.

Advertisements

aFridge for Android OS

Во последно време, или поточно последните резултати на светските трендови во полето на мобилната телефонија, односно, поконкретно smart телефоните, Андроид оперативниот систем на Google Inc. завзеде најголем дел од пазарот со околу 33% учество на светско ниво. Успехот на ова платформа, најмногу се должи на нејзината отвореност , растечката заедница и пред се на поволните услови кои ги нуди на самите програмери. Па затоа и aFridge е апликација наменета за Андроид корисниците. Апликацијата всушност претставува виртуелен фрижидер кој што го решава проблемот на магацинско работење, но на сосема различно ниво. Апликацијата е предвидена да ви го олесни секојдневието, превземајќи дел од вашите грижи и помагајќи ви да најоптимално ги искористите производите што ги чувате во вашиот фрижидер.

Како што може да забележите на сликата, корисникот е среќен со неговиот фрижидер, но неможе да спакува и носи со себе секаде, но, со помош на aFridge и тоа задоволство, барем на некој начин, ќе му биде исполнето.

Апликацијата е објавена на Android Market и воедно го имам објавено и кодот на Github под GNU General Public License v3 лиценца за слободно споделување, со што апликацијата станува слободен софтвер.

aFridge има неколку главни функционалности и карактеристики, меѓу кои се, на пример, проверка и предупредување за приближување на датумот на истек на рокот на траење на производот, чување на историја на промени и користење на фрижидерот, дел за запишување на белешки, grid и list поглед на присутните производи и слично. Апликацијата може директно да ја инсталирате, скенирајќи го следниот QR код со вашиот омилен читач, кој што ќе ве пренасочи директно кон страната на апликацијата на Android Market. Се надевам дека апликацијата ќе ја најдете за корисна и за сите забелешки, критики или пофалби, пишете во коментарите.